Наставниците Зоран Јованов, Билјана Миланова и Благица Аризанова Шопов, земаа активно учество на 28. Симпозиум за спорт и физичко образование на младите. Во организација на Федерацијата на Спортските Педагози на Македонија, истиот се одржа во Охрид. На Симпозиумот се дискутираше за новите трендови во физичкото образование, се презентираа резултати од иновативен курикулум за еко-спорт и инклузија и се воспоставија нови контакти за идна соработка со колеги од повеќе општини. Исто така се организираше и реализираше т.н „флегшип” настан, со кој се одбележа Европскиот Ден на Спортот во училиштата – ЕССД2026.







