Младите актери од Гимназијата „Кочо Рацин“, оваа година на 61.издание на Драмскиот
аматерски фестивал во Кочани, настапија со претставата „12.Ноќ“од Вилијам Шекспир
во режија на режисерот Ненад Витанов и одговорните професори по Македонски јазик
и литература: Цветанка Карамаркова и Весна Павлова.За адаптацијата на текстот се
погрижија ученичките Нина Митевска и Ива Илиевска.Во музичкиот дел на
претставата учествуваше оркестарот на училиштето под менторство на професорот по
Музичка уметност, Атанас Зафиров.
Претставата „12.Ноќ“ се играше на 23 мај, со почеток во 12 часот. Изведбата на
младите актери остави силен впечаток и беше наградена со бројни аплаузи од
публиката.