Учениците од прва година со одговорните професори по Македонски јазик и литература, Цветанка Карамаркова и Весна Павлова, на ден 12.10.2023 година присуствуваа на панел – дискусијата под наслов „Антигона, триесет години подоцна“.
Настанот се одржа на малата сцена во Народниот театар Ј.Х.К.Џинот – Велес во рамките на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Панел – дискусијата ја водеа директорот на Народниот театар, Сашо Димоски и актерот Јордан Витанов.
Директорот на Народниот театар, Сашо Димовски, учениците ги запозна со развојот на старогрчката литература како најстара литература, централното место на драмата како литературен род и трагедијата како водечки драмски вид.
Актерот Јордан Витанов, пред учениците сподели впечатоци и доживувања од првата изведба на трагедијата „Антигона“ во античкиот театар „Стоби“ пред триесет години. Сликовито и со многу емоции го претстави процесот на подотовка и изведбата на претставата која побудила огромен интерес кај тогашната публика.
Панел – дискусијата ги поттикна и учениците од нашата Гимназија активно да се вклучат во панел – дискусијата со свои видувања за античката драма и драмата „Антигона“ триесет години подоцна.