На 24 и 25.9.2025 година, класните раководители на паралелките во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, присуствуваа на обука која е дел од проектот „Ментално здравје на средношколци“ како учесници во процесот на трансформација со фокус на менталното здравје и благосостојбата. Со тоа на нашето училиште му се овозможи право на стекнување на ознака „Училишта кои се грижат за менталното здравје на учениците“. За имплементација, обуката е одобрена од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Реализацијата предвидува обуки и за ученици и ученичка заедница, но и имплементација и реализација на воннаставни активности за менталното здравје.
Координатор на проектот: Благица Аризанова Шопов







