Унапредување на менталното здравје

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на проектот Мировно образование, Првата детска амбасада во
светот „Меѓаши, во хотел „Дрим“, Струга, организираше и успешно
реализираше тренинг на тема: „Унапредување на менталното здравје“.
Менталното здравје и добросостојбата на децата и младите се
исклучително значајни теми во времето во кое живееме. Секојдневно сме
сведоци на пад на менталното здравје на учениците и потребата училиштниот
систем да разива пристапи за поддршка и унапредување на менталното
здравје и добросостојбата на сите чинители во воспитно – образовниот систем.
Обуката беше наменета за наставниот кадар и стручните служби од
средните и основните училишта од Велес, Виница, Скопје, Гостивар, Дебар и
Македонски Брод, како и претставници од Министерството за образование и
наука и Државниот просветен инспекторат.
Од нашата Гимназија, со нови искуства, знаења, пријателства, импресии,
се стекнаа професорките: Магдалена Сарагинова, Гордана Саздова и
Валентина Ристова Арсовска, членови на Мировниот тим.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den