Василка Карталова cобира автограми по пошта

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Секој од нас ќе се сети на времето кога како деца се собираа ливчиња од
детска пошта, сликички и украсни салфетки. Во позрелите години
колекционерите најчесто собираа поштенски марки, беџови, музички плочи,
книги или автограми. Но, не секој собира автограми по пошта, како што тоа го
прави младата Василка Карталова, ученичка во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ –
Велес. Таа е колекционер на автограми од познати личности и вели дека нема
поубаво чувство од она кога во поштенското сандаче ќе ви пристигне картичка
потпишана од некоја голема ѕвезда. Мегу нејзините досега собрани двесте и
педесет автограми, се наоѓаат потписите на Роџер Федерер, Хорхе Лоренцо,
Марко Одермат, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Катерина Линсбергер, Андреј
Рублев, Алекс Маркез, Валтери Ботас, Каспер Долберг, Мануел Фелер…

 

https://youtu.be/CRL6MSkiS6g?si=HCG8XZzlqt0uIhYg

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den