Велигденски базар

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во пресрет на велигденските празници, во организација на  општина Велес, на 22 април во Младинскиот парк  започна велигденскиот базар на кој се изложени рачни изработки и украси што го симболизираат христијанскиот празник Велигден изработени од вештите раце на велешките ракотворци. Ним им се придружија и учениците од основните и средните училишта во градот со свои рачно изработени предмети и украси.

Вредните раце на нашите Гимназијалци изработија прекрасни велигденски производи кои беа изложени на штанд во Младинскиот парк. Учениците се подготвуваа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Стумбова и одговорните професорки на Училишната заедница, Жанет Јанев –  Сарагиновски и Благица Аризанова –  Шопов.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den