Вештачката интелигенција и безбедноста во интернетот, секојдневие на младите

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
За време на Access часовите во месец ноември имавме гостување од страна на Суад Сефери, ИТ експерт и обучувач на тема Вештачка Интелигенција (ВИ) и безбедност во интернетот (Cyber security) и автор на првата книга за ВИ на Балканот „AI Journey“.
Access групата од Велес имаше можност да присуствува на обуката за  вештачка интелигенција   и интернет безбедност и преку практични примери да ја спознае можноста за правилно користење на   вештачката интелигенција, како нова интернет алатка која овозможува поедноставување на секојдневното работење, помош при учењето и добивање дополнителни информации. Понатаму, важноста за проверување на добиените информации, валидноста на истите и пребарувањето на разни, сомнителни и непроверени интернет страници, го зголемува ризикот за злоупотреба на лични информации и „кражба на идентитет”. Поради тоа важноста од безбедност во интернетот треба да е на највисоко ниво, а младиот човек треба да е внимателен додека ги користи интернет услугите и социјалните медиуми.
Покрај обуката, Access групата од Велес доби и неколку копии од книгата „AI Journey“ од обучувачот, како и електронска копија од „Практичниот прирачник со инструкции како да се користи  вештачката интелигенција (ВИ)“ – кои ќе им бидат од голема корист на младите за поефикасно и побезбедно користење на ВИ и интернет апликациите.
Access English Microscholarship Програмата е едукативно-образовна Програма за изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ „Гимназија Кочо Рацин”,- Велес, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје, а е финансиски поддржана од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den