Завршна програма по повод Патрониот празник на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

168 годишнината од одбележувањето на Патрониот празник на Средното
општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ и оваа година беше заокружено
со пригодна културно – уметничка програма.
Музичките ноти одекнаа на сцената преку настапот на хорот и оркестарот на
нашето училиште во состав:Кристина Станишева, Андреј Цецев, Бубе Лазов,
Димитар Илиев, Матеј Богатинов и Марко Ристов со вокалната изведба на
композицијата „Миле Поп – Јораднов“ од ученикот Михаил Здравковски под
диригентската палка на професорот Атанас Зафиров.
Присутните гости ја проследија ликовната изложба на тема: „Majката на Рацин
– тивка сила за гласен збор“ подготвена од учениците oд четврта година од
јазично – уметничкото подрачје при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ под
менторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова.
Водителите Јана Пљокова и Јаков Ѓоргоски, добредојде им посакаа на
почитуваните гости, пратениците во Собранието на Република Македонија,
Игор Здравковски и Александар Јамалов, почитуваната заменик –
градоначалник на општина Велес, Елизабета Митревска – Ангелеска,
претставниците од Советот на Општина Велес, Државниот просветен
инспектор, директорите и наставниците од основните и средните училишта од
нашата општина и директори на општествени и културни институции.
Поздравени беа и претставниците на Македонската православна црква,
Повардарска епархија, претставници на Армијата на Република
Македонија, почитуваните членови на Училишниот одбор и Советот на
родители на Гимназијата, родители на нашите ученици и останати
граѓани и професори во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Водителите го
поканија, господин Илија Попов, директор на Средното општинско
училиште „Гимназија Кочо Рацин“ да им се обрати на присутните. Завршната
вечер традиционално беше одбележана со изведба на
театарска претстава. Нашите актери и оваа година си претставија пред себе
огромна задача да подготват претстава, овојпат на текст од познатиот руски
писател Николај Василевич Гогољ, а тоа е светски познататата, комедија
„Женидба“. „Женидба“ е духовита и сатирична комедија во која Гогољ со
остроумие и хумор ги разоткрива стравот од донесување одлука и апсурдот на
општествените норми. Преку низа комични стиуации и впечатливи ликови,
делото зборува за бракот како обврска, но и како бегство од осаменоста. Оваа
безвременска комедија нè потсетува дека најтешката одлука понекогаш е токму
онаа што понекогаш сами ја посакуваме. Играјќи ги улогите, овие млади
уметници на возраст од петнаесет до осумнаесет години, ќе се обидат да ве
насмеат и да го предизвикаат вашиот аплауз кој пак е мотив за нив и за нас, за
уште многу нови предизвици и многубројни театарски претстави.

Подготовката и реализацијата на театарската претстава „Женидба“ од Гогољ се
одвиваше под менторство на професорките по Македонски јазик и литература:
Александра Стојановска, Цветанка Карамаркова, Весна Павлова и Магдалена
Сарагинова и несебичната поддршка од нашиот поранешен ученик Филип
Настов. За изработката на постерот се погрижија учениците: Кристијан
Мартинов и Михаил Здравковски, а за фотографирање на свечената програма
ученикот Љубе Лазов.
На сцената настапија актерите:Кристијан Мартинов, Изабела Жабева, Ива
Ракиџиева, Теодора Панова, Катја Зафирова, Марио Заеков, Сергеј Рушков,
Матеј Славески, Марко Стојановски, Лана Басаров, Берфин Тафоска, Јована
Петрушевска, Марија Симоновиќ и Лана Ракиџиева.
Публиката ја проследи претставата со големо внимание и беше воодушевена од
професионалниот пристап кон актерската задача, која младите актери ја
исполнија на високо ниво.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den