Завршна програма по повод Патрониот празник на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележувањето на Денот на Средното општинско училиште
„Гимназија Кочо Рацин“, и оваа година беше заокружено со пригодна
културно – уметничка програма. На почеток, присутните гости ги
проследија мултимедијалните содржини преку кои беа претставени
необјавените песни од поетското творештво на Кочо Рацин.Текстот за
видеото го подготви ученичката Јана Пљокова, а песните ги
интерпретираа учениците: Ана Бошкова, Јаков Ѓоргоски, Марија Костова,
Кристијан Мартинов и Марио Заеков. Видеото го подготви ученикот
Димитар Коцев.Учениците работеа под менторство на професорите
Александра Стојановска и Сашко Николовски.
Уметничкиот дел од прославата го започнавме со интонирaње на
химната на нашето училиште на текст на песната „Копачите“ и химната
на нашиот град во изведба на хорот на Гимназијата. Хорот се претстави
под диригентската палка на ученикот Филип Настов во придружба на
клавир од страна на ученичката Марија Костова, гитара, Михаил
Петковски и Стојан Димовски, бас – гитара, Ангел Богоевски, кларинет,
Филип Андоновски, виолина, Кристина Станишева и Матеја Андреева.
Хорот работеше под менторство на професорот по Музичка уметност,
Атанас Зафиров.
Водителите Ана Бошкова и Јана Пљокова, добредојде им посакаа
на почитуваните гости, пратеници во Собранието на Република
Македонија, почитуваниот градоначалник на општина Велес г-дин Марко
Колев, претставници од Државниот и Општинскиот просветен
инспекторат, директори и наставници од основните и средните училишта
од нашата општина и директори на општествени и културни институции.
Поздравени беа и претставници на Македонската православна црква,
Повардарска епархија, претставници на Армијата на Република
Македонија, почитуваните членови на Училишниот одбор и Советот на
родители на Гимназијата, родители на нашите ученици и останати
граѓани и професори во Гимназијата „Кочо Рацин“. Водителите го
поканија, господин Илија Попов, директор на Средното општинско
училиште „Гимназија Кочо Рацин“ да им се обрати на присутните.
Завршната вечер традиционално беше одбележана со изведба на
театарска претстава. Гостите имаа можност да ја проследат изведбата
на театарската претстава „12.Ноќ “од Вилијам Шекспир. Адаптацијата на
драмскиот текст и режијата се на Ненад Витанов, актер во велешкиот
театар Ј.Х.К.Џинот. При адаптацијата на текстот беа ангажирани
ученичките Ива Илиевска и Нина Митева. Подготовката и реализацијата
на театарската претстава 12.Ноќ од Вилијам Шекспир се одвиваше под
менторство на професорките по Македонски јазик и литература Цветанка
Карамаркова и Весна Павлова.
За музиката задолжени беа хорот и оркестарот при СОУ „Гимназија Кочо
Рацин“ под менторство на професорот Атанас Зафиров.
На сцената настапија актерите: Памела Миланова, Ива Ракиџиева,
Викторија Панзова, Теодора Панова, Изабела Жабева, Мила Јовановска,
Ана Јанчева, Анастасија Крлева, Кристина Станишева, Александра
Чатмова, Милена Димова, Сергеј Рушков, Андреј Димоски, Кристијан

Мартинов, Матеј Славески, Марио Заеков, Филип Настов, Димитар
Коцев, Илија Дејанов и Андреј Миров и оркестарот во состав: Михаил
Петковски и Стојан Димовски – гитара, Ангел Богоевски – бас – гитара,
Филип Андоновски – кларинет, Кристина Станишева и Матеја Андреева –
виолина.
За шминката се погрижија ученичките: Ангелина Миткова, Марија
Трајкова и Сара Арсеновска. Фотографиите ги изработи ученичката
Ивана Јанкуловска, а постерот, ученикот Кристијан Мартинов.
Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја
проследија со внимание и заинтересираност.Младите актери беа
наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема
пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложија во реализирање на
претставата.Аплаузот беше и повеќе од заслужен затоа што младите
актери пред себе имаа особен предизвик да бидат доследни на големиот
Шекспир, доследни на големината на великанот на светската
драматургија. Публиката ја проследи претставта со големо внимание и
беше воодушевена од професионалнаиот пристап кон актерската
задача, која младите актери ја исполнија на високо ниво.
По завршувањето на театарската претстава присутните гости ја
проследија ликовната изложба „Рацинови мугри“ подготвена од
учениците при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ под менторство на
професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова.

На следниот линк може да ја погледнете изведбата: https://youtu.be/MLOLRazhuO0?si=492Vf2kp9-EH3sje

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: