Завршна конференција од проектот: „Иднината сум и јас!“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Фондацијата за локален развој и демократија „ Фокус“, во хотел „Романтик“,
Велес, ја одржа Завршната конференција од проектот: „Иднината сум и јас!“. На
конференцијата беа поканети сите средношколци, координатори и директори кои
беа вклучени во реализацијата на проектот.
Конференцијата ја отвори, проектниот координатор, Маја Чадиева Јенсен, која
го претстави проектот и неговите цели. За вклученоста на младите во процесот на
донесување одлуки во општина Велес, дискутираше тематскиот експерт, Драгана
Митровиќ. Свои обраќања до присутните имаа и директорката на Фокус, Убавка
Јаневска, како и проектниот асистент, Ивана Јордева. Тие ја истакнаа важноста на
младите во општеството, проговорија за младинското учество, активизмот и
волонтерството, истакнувајќи дека младите се двигатели на промените и носители
на демократските вредности.
Благодарници, за активното учество во проектот добија, директорите и
координаторите на четирите средни училишта од општина Велес.
Автор: Мелани Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: