Оглас

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“Велес

го распишува следниот

ОГЛАС

Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес во учебната 2015/16година во I година ќе бидат запишани 238 ученици во 7 паралелки (204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за гимназиско образование.

Во учебната 2015/16 година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, ќе се реализира експериментална програма за фудбал и ракомет според наставен план за спортска гимназија и посебно утврдени критериуми од МОН.

Услови за запишување:

  • Да имаат завршено основно образование
  • Да не се постари од 17 години
  • Да се определиле за план и програма за гимназиско образование
  • Да ги исполнуваат критериумите утврдени со конкурсот
  • Да имаат минимум 60 поени

Потребни документи

  • Пријава за запишување ( пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна)
  • Оригинални сведителства од VI до IX одделение
  • Извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето)

Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22 и 23 јуни 2015 година од 7 – 15 часот.

Резултатите од запишувањето ќе се објават на 24 јуни 2015 година.

Критериуми за избор на ученици

  • Среден успех на ученикот од VI до IX одделение (максимум 50 поени)
  • Среден успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: мајчин јазик, странски јазик, математика, историја (максимум 20 поени – 5 поени за секој предмет), за гимназиско образование
  • Среден успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: мајчин јазик, странски јазик, биологија, физичко образование (максимум 20 поени – 5 поени за секој предмет), за учениците од спортските паралелки
  • Дипломи за освоени (I,II и III) места од меѓународни и републички натпревари од ( мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се значајни за изборното подрачје)
  • Средна вреност од поени добиени за поведение

Препорака документите да не се праќаат по пошта, пријавувањето да го врши лично ученикот или родителот.

Учениците кои го завршиле основното образование во странство треба да достават нострифицирани документи.

Учениците кои ја повторувале годината со завршувањето на наставната година, да се запишат во првиот уписен рок.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот.

 

Директор

М-р Саше Андреевски

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den