Совет на родители

СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ

Соработката на училиштето и семејството е педагошка и психолошка категорија. За
успешна реализација на воспитно-образовниот процес неопходна е континуирана взаемна
соработка на училиштето и семејството. СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин”-Велес и оваа
учебна година ќе се грижи за подигање на педагошко-психолошкото образование на
родителите, за нивно поцелосно информирање и запознавање со воспитно-образовните
цели и задачи на наставната работа во училиштето, ќе ги запознава родителите со сите
промени и реформни зафати.
Работата на советот на родителите во средните училишта е регулирана со член од Законот
за средно образование и член од Статутот на училиштето. За организирано остварување на
интересите на учениците во средното училиште од родителите на учениците се формира
Совет на родители на училиштето. Во советот на родители има по еден претставник (и
негов заменик) од секоја паралелка, кои ги избираат родителите на родителски состанок
на паралелката.

Советот на родители:

– дава мислење за предлогот на програмата за развој училиште и за годишната
програма за работа;
– предлага програми за подобрување на стандардите за наставата;
– дава согласност на предлозите на директорот за воведување повисоки стандарди;
– разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа;
– избира претставници во Училишниот одбор на училиштето и
– врши други работи утврдени со Статутот на училиштето.

Што може да направи советот на родители во училиштето?
– Да ги согледа вистинските потреби, состојби и проблеми во училиштето. Преку
доброволно (волонтерско) ангажирање да се вклучи во реализацијата на различни
училишни активности од следните подрачја од работата на училиштето: настава,
воннаставни активности, грижа за здравјето на учениците, соработка со локалната
заедница и да даде свој придонес според можностите, способностите и интересите.
– Да им помага на наставниците во работата со учениците во училницата и во
училиштето.
– Да организира и даде поддршка на различни училишни акции, манифестации,
училишни презентации, кампањи и слично.
– Активно да учествува во решавањето на различни проблеми во училиштето.
– Да учествува во донесувањето на важни одлуки во училиштето.

Актуелен претседател на Советот на родители е Славјанка Паунова-Куцулова, а нејзин
заменик е Биљана Неделковска. Советот на родители реализира состаноци редовно во
текот на целата учебна година во согласност со Програмата за работа на Совет на
родители и потребите на училиштето.Оваа учебна 2023/2024 година, во составот на Совет
на родители ангажирани се следниве негови членови-родители:

клас,   име и презиме

1-1 член-Александар Јовановски
заменик-Александра Гаштарска

1-2 член-Марија Стојановска
заменик-Ѓорѓи Станинов

1-3 член-Марија Шаќирова
заменик-Марија Здравева

1-4 член-Менка Андреева
заменик-Лилјана Темелкова

1-5 член-Бајрам Незири
заменик-Шасим Имеровски

2-1 член-Емилија Јанева
заменик-Лорета Рушкова

2-2 член-Ангел Коруновски
заменик- Ѓоко Ѓорѓиевски

2-3 член-Зоран Јанкуловски
заменик -Весна Глушкова

2-4 член-Милица Панзова
заменик- Наташа Коцева

2-5 член-Нафи Синанов
заменик- Седат Кадриов

3-1 член-Славјанка Паунова-Куцулова
заменик -Радмила Карталова

3-2 член-Менка Богоевска
заменик -Александра Јовановска

3-3 член-Александра Ѓорѓијевска
заменик -Весна Момировска

3-4 член-Каролина Попова
заменик- Нела Кузманова

3-5 член-Невзат Муаремовски
заменик -Бесар Селмани

4-1 член-Весна Николова
заменик -Биљана Неделковска

4-2 член-Вера Коцевска
заменик -Славица Наумовска

4-3 член-Ана Угриноска
заменик -Васко Бојчев

4-4 член-Ружица Кајнакчиева
заменик – Цветанка Ќириќ

4-5 член-Марија Стојкова
заменик-Кирил Гајдов

4-6 член-Сафет Јакупи
заменик-Муамет Џемаили

Координстор на Совет на родители
Соња Трајчева-наставник

Otvoren_den