Приоритетните цели на Училишниот одбор за учебната 2023/2024 година се темелат на
развојниот план на училиштето за реализацијата на воспитно-образовната дејност во училиштето
како и планот за самоевалвација на училиштето. Од тука, произлегуваат следните приоритетни
цели и задачи кон кои ќе биде ориентирана реализацијата на воспитно- образовната работа на
училиштето:Изградување на институција со препознатлив стил на организациско функционирање;
– Развивање на чувството на припадност кон организацијата;
– Интерперсонален респект помеѓу вработените;
– Постојана тенденција за подобрување и осовременување на мареријални-техничко,
просторно, технолошко, педагошкото, и организационо ниво на училиштето;
– Изнаоѓање и примена на систем од мерки и постапки за мотивација на наставниот и
другиот стручен кадар;
– Перманентно стручно усовршување на наставниот и другиот стручен кадар;
– Тенденција за објективизација на вредносниот критериум на оценување на
учениците;
– Следење и активно учество во промените и новините во воспитно-образовната
сфера;
– Континуирана соработка и вклучување на родителите во поедини институционални
сегменти;
– Реализација на воспитната функција со интерактивно учество на наставниот и
другиот стручен кадар, учениците и родителите;
Стратешките цели на училиштето се имплементирани во развојни цели, кои пак од своја
страна ќе бидат насочени кон создавање воспитно образовна устанува во која ќе се:
– Обезбедуваат стимулативни предизвици за подобрување на учењето на учениците
– Поставуваат јасни цели за унапредување на работата наставниот кадар
– Обезбедуваат современи услови за работа
– Практикуваат интерактивни методи во наставата
– Развива тимската работа
– Поттикнува позитивна комуникација и добри врски меѓу училиштето, семејството
и заедницата
– Слуша гласот на учениците
– Практикува демократија и мултикултурализам
Училишниот одбор на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес редовно одржува седници во
согласност со Годишната програма за работа на Училишен одбор, а одлуките кои ги носи
претежно се со консензус.
Р.бр. Име и презиме, Функција , Претставник од:
1. Марјан Стојановски, претседател, Наставнички Совет
2. Јовица Темов, потпретседател, Наставнички Совет
3. Марија Гајдова, записничар, Наставнички Совет
4. Славчо Давитковски, член, Наставнички Совет
5. Горанчо Крстиќ, член, Совет на Општина Велес
6. Ацевски Далибор, член, Совет на Општина Велес
7. Верица Анѓушева, член, Совет на Општина Велес
8. Марија Стојановска, член, Совет на родители
9. Пенчо Кимов, член, Совет на родители
10. Ангел Коруновски, член, Совет на родители
11. Марија Левкова Куновска, член, МОН
12. Румен Смилев, член, Стопанска комора
Мултикултурно училиште кое ги афирмира современите стандарди и димензии на образованието и воспитанието почитувајќи ги индивидуалните потреби на учениците