УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – ПЛАНИНАРЕЊЕ
Учениците од Велешката гимназија од прва, втора и трета година заедно со своите ментори Петре Петрушевски и Зоран Јованов го реализираа практичниот дел од проеткната активност планинарење. На расположението кај учениците влијаеше убавото време и прекрасните предели на планината Јакупица. Со ведар и натпреварувачки дух учениците го посетија и планинарскиот дом Чеплес под рководство на професорот Зоран Кочов. На радостите и насмевките им немаше крај. Новите пријателства исто така беа дел од оваа планинарска прошетка со надеж дека ќе останат долготрајни.
Иако прошетката беше едноднeвна ќе остане незаборавна со желба следната да трае повеќе денови.