Ученичкиот совет, при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, организираше Донаторска акција под мотото: „Вашата донација, некому значи“. Кон истата се придружи и Наставничкиот совет на училиштето.
Нашите ученици од прва, втора и учениците од четврта година кои го изучуваат јазично – уметничко подрачје група Б, под менторство на предметниот наставник по Ликовна уметност Јулијана Михова, изработија изработки со новогодишни мотиви, кои беа изложени на продажниот штанд во холот на Гимназијата. Собраните средства од Донаторската акција ќе бидат донирани на ученик со посебни образовни потреби.
Голема благодарност до Наставничкиот совет на училиштетo и учениците кои земаа учество во овој настан, а посебна благодарност за учениците кои беа ангажирани при реализирање на истиот:Ања Трајковска, Михаела Иванова, Марија Манева, Деспина Стојанова, Анамарија Костовска, Изабела Жабева, Сандра Наќева и Сергеј Рушков.







