Учениците кои се дел од едукативно – образовната Програма Acces на ден 1.11.2023 година го посетија Меѓународниот Аеродром Скопје и кугланата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Одговорните лица за посета на Меѓународниот Аеродром, со својата љубезност и професионалност придонесоа Acces групата од ученици да биде целосно прифатена и истите деталено го претставија и објаснија процесот на влегување и излегување во аеродромската зграда и купување на авионски билет. Исто така учениците имаа можност во непосредна близина да ги видат и самите летала, но и таканаречените „воздушни трактори” (специјализирани авиони за гасење пожар), како и полетувањата и слетувањата на воените хеликоптери. Посетата продолжи во Градскиот трговски центар во Скопје, каде Acces групата, во присуство на стручниот кадар од кугланата „Мусандра” се запозна со правилата на куглањето.
Програма Acces веќе деветта година по ред се организира и спроведува во нашата Гимназија. Access English Microscholarship е едукативно-образовна програма за изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ „Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Скопје, а е финансиски поддржана од страна на амбасадата на Соединетите Американски Држави.Часовите планирани според наставниот план на оваа едукативно – образовна програма како и забавата преку учење, продолжува и понатаму со учениците од Гимназијата.