Денес директорот и Наставничкиот совет при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес на учениците им посакаа среќен почеток во новата учебна година, многу здравје и успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека секој од нив има за задача да продолжи до својата цел, гордо, смело, со желба за успех и постигнување на солидни резултати.
Добре дојде им посакаа и на учениците од прва година, задолжувајќи ги да го продолжат своето образование и да станат вредни работници и примерни граѓани кои ќе остават белег во живеењето и напредокот на нашиот град.
Со искрени и мотивирачки пораки настапија и водителите Теодора Панова и Лана Басаров кои на учениците од прва година им посакаа гимназиските денови да им бидат исполнети со љубопитност, радост и верба во нивните соништа и сето она што сакаат да го постигнат.
Искрено се надеваме дека и оваа генерација на ученици од прва година, достоинствено ќе ја продолжи долгогодишната традиција на Гимназијата на успешни професионалци и одговорни граѓани, кои ќе го дадат својот придонес во развојот на нашето општество.
Ученици, среќно во новата 2026/2027 учебна година!






