Активности во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ реализирани од Стручниот актив Мајчин јазик, Странски јазици и Класични јазици

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

 

Стручниот актив по Мајчин јазик, Странски јазици и Класични јазици и оваа година, со
свои активности, се вклучи во реализација на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите
во образованието“.
Учениците вклучени во овој проект, со одговорните професори на 13 мај 2024
година, во фоајето на Националната опера и балет проследија солистички концерт на
Билјана Камчева – Божиновска (сопран), една од најистакнатите македонски музичари
од помладата генерација. На клавир настапи Андреја Наунов, а како гостин на
концертот настапи Васако Здравков (баритон).Концертот е дел од годишната програма
на Министерството за култура на Р.С.Македонија. Громогласниот аплауз од страна на
учениците беше потврда за искрените емоции од изведбата кои допреа до нивните срца.
Се надеваме дека и во иднина младите Гимназијалци со задоволство ќе се вклучуваат и
ќе реализираат заеднички активности во рамките на овој проект.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den