Од страна на директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, Илија Попов и Академијата за програмирање Skill up од Велес, на ден 30.10.2023 година е склучен договор за посетување на бесплатни студии на Академијата од учениците од нашето училиште. Академијата ќе ја посетуваат учениците првенци на генерација на Гимназијата во учебната 2022/2023 година: Ана Бошкова, Кристијан Мартинов и Миа Трајковска. Тие ќе следат соодветна наставна програма од областа на програмирањето со соодветни тренери за реализација на наставата во времетраење од осум месеци.