Безбедна училишна средина

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“  во кој
е вклучена и нашата Гимназија, во периодот од 13 до 15 мај  се одржа обука за
унапредување на капацитетите на стручните служби во училиштата. На обуката
земаа учество педагогот Бранка Донева и специјалниот едукатор и
рехабилитатор, Ленче Перчинковска.
Целта на обуката е зајакнување на училишните капацитети со посебен
фокус на соработка со родителите во делот на нивна вклученост во превенција од
насилство и примена на методи за врсничка едукација.
Низ практични примери, неформални методи и техники за работа,
учесниците на обуката креираа и разработија работилници на различни теми од
областа на врсничкото насилство кои ќе се применат во училиштата.
За таа цел стручните соработници  во наредниот период ќе обучат ученици
– врснички едукатори, кои преку едукација на своите врсници ќе делуваат на
превенција и заштита од врсничко насилство.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den