По повод Светскиот ден на мирот на 20.09.2024 година учениците и
професорите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес, традиционално, по
единаестти пат ја изведоа Мировната парада, одбележувајќи го 21 Септември –
Светскиот ден на мирот.
Оваа година мотото на Парадата беше: „ Чекориме за мир!“
Професорите и учениците од училиштето чекореа за мир движејќи се по
парадната патека.
Настанот беше збогатен со присуството на дел од членовите на Првата детска
амбасада „Меѓаши“.
Тим на Мировно образование