По повод Патрониот празник на Гимназијата, во прекрасна атмосфера во
спортската и фитнес салата, се реализираа одбојкарски натпревари во мешан
состав, како и зумба активности кои привлекоа исклучителен интерес. Во
активностите учествуваа одбојкарките гимназијалки и деветтооделенците од
основните училишта. Резултатот беше во втор план. Деветтоодделенците имаа
можност да ги видат условите за изведување на спортските активности и да
учествуваат во дел од активностите кои се работат на часовите по Спорт и
спортски активности. Упатуваме голема благодарност до гостите и нивните
ментори, како и до гимназијалците кои беа одлични домаќини и мотиватори.
Актив по Спорт и спортски активности