Учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, на ден 27.10.2026 година, во Народниот театар „Јордан Х.К.Џинот“ имаа можност да бидат дел од театарската публика и да ја проследат претставата „Вечера за глупаци“ по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов. Посетата на театарот претставуваше можност, учениците да проследат комедија полна со пресврти и хумор и да уживаат во актерската игра на велешките актери.



