Како дел од активностите предвидени за реализација во рамките на проектот „Безбедна училишна средина“, ученици од нашата Гимназија го посетија основното училиште „Блаже Конески“ и заедно со учениците од деветто одделение ја реализираа едукативната работилница на тема ,,Заедно против врсничко насилство“. Целта на оваа работилница е зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство, примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
Овој памфлет / видео материјал / активност / публикација е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.