Гимназијалците на Отворениот ден на Технолошко – техничкиот факултет во Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Учениците од четврта година,  природно-математичко подрачје – група Б, денес имаа можност да присуствуваат на  Отворениот ден на Технолошко – техничкиот факултет во  Велес.
За време на посетата, тие се запознаа со студиските програми и со можностите за понатамошно академско и професионално усовршување. Преку директна комуникација со професорите и студентите, нашите ученици добија одговори на многу прашања поврзани со практичната настава и перспективите во техничките и технолошките науки.
Благодарност до домаќините за топлиот прием и можноста нашите ученици да бидат дел од една мотивирачка и едукативна атмосфера.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den