На 3.4.2025 година, учениците од трета година од општествено – хуманистичко подрачје, група А, при СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин” – Велес, реализираа едукативна посета во Основниот суд во Велес. Целта на оваа посета е запознавање со работата на судот, судските постапки, како и да се поттикне нивната свест за правда и правниот систем во државата.
