ГИМНАЗИЈАТА УЧЕСНИК НА 57. ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

 

СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот патрон и оваа
година се вклучи во одбележувањето на 57 Детски Рацинови средби со следните
активности.
Директорот и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на букет
цвеќе на бистата на Рацин во училиштниот двор на Гимназијата и Спомен –
Костурницата, му оддадоа почит на својот патрон.Чествувањето продолжи во
медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ каде се одржа трибина со
учениците од дебатните клубови од средните училишта во градот и професорите д-р
Бошко Караџов и доц.д-р Бојан Петревски од Филолошкиот факултет „Блаже
Конески“ – Скопјe на тема „Го заслужуваме ли Црвениот поет“. Во училишната
библиотека во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа работилница за креативно
пишување на проза со учениците од литературните секции од средните училишта во
градот.Од нашето училиште учествуваа учениците: Василка Карталова, Викторија
Трајкова, Теодора Панова, Ива Илиева, Елена Попова, Нина Крстевска, Јована
Левкова, Мила Ставрева и Јована Илиева. Во книжевната работилница беа вклучени:
Анде Јанков, романописец од Велес и Даница Ивановска – Лепојевиќ, велешка поетеса
и професорките по Македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова и Весна
Павлова. По повод 57. Детски Рацинови средби, ученици од нашата Гимназија со
професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова, беа дел од активноста „На гости
кај Рацин“ и ја посетија Спомен – куќата на Рацин.
Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, беше распишан поетски и
ликовен конкурс и натпревар во ораторство на тема „Мене и душата ми е црвена“.
Учениците имаа можност да учествуваат и на рецитаторски натпревар на кои
интерпретираа стихови од Рациновата поезија од песната „Утрото над нас“. Ученик од
нашето училиште кој се пласираа во вториот круг на натпреварот по повод 57. Детски
Рацинови средби е Кристијан Мартинов, ментор, Александра Стојановска. Ученици
кои се пласираа во вториот круг на натпреварот во ораторство се: Милена Димова,
ментор Весна Павлова и Нина Митевска, ментор, Магдалена Сарагинова. На поетскиот
конкурс со пофалници се здоби ученичката Јана Пљокова, ментор Александра
Стојановска. Младите рецитатори се претставија пред публиката на пригодна
свеченост која се одржа на 16 ноември на малата сцена во Народниот театар
Ј.Х.К.Џинот – Велес. Жири комисијата во состав: Жарко Спасовски, Фаик
Мефаиловски, актери во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес и доц.д-р Бојан
Петревски го проследи нивниот настап и го соопшти своето решение.
Втората награда на рецитаторскиот натпревар му ја додели на ученикот Кристијан
Мартинов, од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, ментор Александра Стојановска.
Со втора награда на ораторскиот натпревар се здоби ученичката Милена Димова,
ментор Весна Павлова, а со пофалница ученичката Нина Митевска , ментор, Магдалена
Сарагинова За време на одржувањето на рецитаторскиот натпревар и натпреварот во
ораторство, на платото пред Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес учениците од
Гимназијата „Кочо Рацин“: Изабела Жабева, Катја Зафирова, Викторија Панзова,
Марио Заеков, Гордан Ќимов, Бојана Најдовска, Лидија Костова и Лана Басаров
интерпретираа стихови од стихозбирките „Бели мугри“ и „Антологија на болката“ под
менторство на професорките по Македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова
и Весна Павлова. Во музичкиот дел настапија учениците: Филип Настов, Изабела
Жабева и Анастасија Крлева со изведба на музичките композиции „Ленка“, „Копачите“

и „Со маки сум се родил“ под менторство на професорот по Музичка уметност, Атанас
Зафиров.
Рацинови следбеници, ви упатуваме честитки и продолжете и понатаму да чекорите по
патот на успехот.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den