Гостување на Мартина Димовска, првиот македонски аналоген астронаут, во Европската куќа во Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На гостувањето на Мартина Димовска,  првиот македонски аналоген астронаут, во Европската куќа во Велес, присуствуваа и ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес. Пред учениците таа ја раскажа сопствената приказна за тоа како од дипломец на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, успеала да стигне во НАСА и да се занимава со професијата што навистина ја сака. Преку меѓународни стипендии и програми го проширила своето знаење во аеронаутичкото инженерство, комерцијалните вселенски студии и вселенската политика. Нејзините истражувања фокусирани на технологијата за 3D печатење на Месечината и иднината на сателитските комуникации и овозможиле да биде дел од најдобрите во светот за вселенските иновации.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den