МОЈОТ АНТИКОРУПЦИСКИ ДНЕВНИК

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Дел од гимназијалците од општествено-хуманистичкото подрачје, под менторско
водење на професорот д-р Бошко Караџов, учествуваа во едукативната активност од областа
на правната етика насловена како „Мојот антикорупциски дневник“ во организација на ОЈО,
Фондацијата ИДЕА и е-медиумот ВИДИ ВАКА.
Во рамките на активноста, во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје,
беше одржана првата од трите работилници, каде средношколците од одбраните и
селектирани училишта од државата, на еден интерактивен начин се запознаа со корупцијата
како најгорливиот проблем на нашето општество и се стекнаа со знаења и вештини за нејзино
препознавање и справување.
Работилниците ги водеа истакнати јавни обвинители, судии и новинари, а нашите
ученици во рамките на пропратните дискусии и анализи покажаа, не само интерес и активна
партиципација, туку и висока свест и разбирање на потребата од создавање активни форми на
младиски отпор кон оваа негативна општествена појава.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den