Напредна обука за медиумските клубови

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

 

Со цел, успешно реализирање на активностите во рамки на медиумскитe
клубoви, на 4 и 5 октомври 2024 год. во хотелот „Лимак“ во Скопје се одржа
дводневна напредна обука, за наставниците – координатори од основните и
средни училишта од државата. На обуката од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес,
свое учество зема, професорката, Магдалена Сарагинова, координатор на
медиумскиот клуб „Гимназијалец“. Обуката имаше за цел да ги унапреди знаењата
и вештините од областа на медиумите и новинарството, продуцирање поткасти,
интервјуа, вести, медиумски содржини со употреба на мобилен телефон,
новинарски жанрови, како и идентификување на теми коишто се од интерес на
учениците.
Обуката ја организираа и реализираа, Македонскиот институт за медиуми и
тројцата обучувачи: Александар Манасиев, Сребра Ѓорѓиевска и Александар
Димитриевски, новинари, со долгогодишно искуство во областите на
новинарството и медиумската писменост.
Оваа обука е дел од Проектот на УСАИД „Младите размислуваат“ што го
спроведуваат ИРЕКС и МИМ, во соработка со Бирото за развој на образованието и
Министерството за образование и наука.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den