АКТИВНОСТИТЕ НА СТРУЧНИОТ АКТИВ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕАРТУРА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ 160 ГОДИНИ ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ И ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

АКТИВНОСТИТЕ НА СТРУЧНИОТ АКТИВ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕАРТУРА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ 160 ГОДИНИ ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ И ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

Активностите за одбележување на Јубилејот 160 години гимназиско образование и Денот на училиштето во учебната 2017/2018 година отпочнаа со доделување на наградите од литературниот конкурс кој оваа година беше распишан на тема: „Образованието и уметноста – важни духовни вредности“. Учениците создадоа прекрасни творби во поетска и прозна форма на македонски јазик и на странските јазици кои ги изучуваат во училиштето,а беа инспирирани од образованието како важен фактор за духовен и професионален развој на личноста. Стручниот актив по македонски јазик и литература ги разгледа пристигнатите творби и донесе решение за награди на учениците. Во категоријата творби на македонски јазик од основните училишта наградени се следните ученици:

Со втора награда е наградена Софија Димова од ООУ„Ј.Х.К. – Џинот“, ментор Габриела Шестакова. Првата награда за учениците од основните училишта и е доделена на Меланија Стојановска од ООУ„Кирил и Методиј“, ментор Маја Јовановска

Во категоријата учесници од средните училишта жири комисијата им додели награди на следните ученици: Третата награда им припадна на ученичките: Тамара Трајановска од 1-5 клас, ментор Александра Стојановска и Ангела Игновска од 4-5 клас, ментор Магдалена Сарагинова. Со втора награда е наградена Симона Борова од 4-3 клас, ментор Александра Стојановска. Првата награда и е доделена на ученичката Сајма Лековиќ од 1-2 клас, ментор Магдалена Сарагинова.

{besps}stories/ucebna2017_2018/svec_akad/sliki2{/besps}

 

На овој литературен конкурс учениците твореа и на странските јазици кои ги изучуваат во нашето училиште. Меѓу учениците ,најголем одзив, имаше за творење на англиски јазик. Жири комисијата прими околу шеесет творби и упати пофалба до сите ученици кои вложиле труд да создаваат на јазик кој не им е мајчин. Награди се доделени на следните ученици:

Третата награда на англиски јазик и припадна на ученичката Тамара Трајановска од 1-5 клас, втората награда и е доделена на ученичката Даниела Николовска од 2 -3 клас. Со прва награда се закити ученикот Тоше Димов од 2 -4 клас. Пофалена е и творбата на ученичката Бојана Мачевеловска од 1-5 клас. Ментор на наградените ученици е професор Мимоза Костоска.

Од учениците кои твореа на француски јазик, втората награда му е доделена на Валентино Илиев од I-5 клас и прва на Тамара Трајановска, ученичка од I-5 клас. Ментор на наградените ученици е професор Љубица Темелковска.

Во музичкиот дел од програмата настапи ученикот Илија Депинов со изведба на гитара на инструменталната композиција: „Еден ден во ноември“.

Свечената академија по повод јубилејот 160 години гимназиско образование и Денот на училиштето

Свечената академија ja започнавме со интонирaње на химните на Р.Македонија и на град Велес, а потоа настапи хорот на Гимназијата, под диригентската палка на професор Атанас Зафиров..Со своите топли и ѕвонливи гласови тие ја стоплија оваа ноемвриска вечер .Ги слушнавте со изведба на химната на нашето училиште на текст на песната „Копачите“ на Коста Солев Рацин,а композиција на велешкиот музиколог Стефан Гајдов.

Во музичкиот дел од уметничката програма ја проследивме и изведбата на аријата Аве Марија на композиторот Георг Фредерик Хендел. Со својата прекрасна вокална изведба не облагородија младите и надежни солисти: Ева Димитриева и Пале Зврцинова.

{besps}stories/ucebna2017_2018/svec_akad/sliki1{/besps}

 

Водителите на академијата, Кристина Ончевска и Велковски Горан, добредојде им посакаа на почитуваните гости, пратеници во Собранието на Република Македонија, почитуваниот градоначалник на Општина Велес г-дин Аце Коцевски. Претставници од Државниот и Општинскиот просветен инспекторат, директори и наставници од основните и средните училишта од нашата Општина и директори на општествени и културни институции. Поздравени беа и претставници на Македонската православна црква,Повардарска епархија, претставници на Армијата на Република Македонија, Команда за обука и доктрини, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, претставници од јавните медиуми,. почитуваните членови на Училишниот одбор и Советот на родители на Гимназијата, родители на нашите ученици и останати граѓани..и професори во Гимназијата „Кочо Рацин“.На овој свечен момент беше упатена искрена благодарност за нивниот несебичен ангажман во образувањето и воспитувањето на многу генерации ученици. Поздравени беа и некогашните и сегашните ученици на Гимназијата „Кочо Рацин“.

Оваа година Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ прослави голем и значаен јубилеј. Оваа учебна година одбележавме 160 години гимназиско образование во Велес, а воедно го одбележавме и Денот на нашето училиште.

Јубилејот е важен датум во образовната и културната историја на нашиот град, кој на Македонија и дал голем број истакнати имиња од областа на: просветата, културата, литературатаи општествениот живот. Горди сме што ги продолжуваме светлите традиции на: Жинзифов,Џинот, Главинов,Чуповски,Рацин и многу други значајни културни дејци.

Затоа, не е случајно што, како резултат на одредени општествено – историски и економски околности, токму во Велес, ќе биде формирано училиште кое ќе организира настава со образование повисоко од основното.Нашиот град ќе има вонредно важна економска и културна улога во развојот на македонската граѓанска класа во деветнаесеттиот век.

Училиштето ќе има значајна улога за населението,не само во Велес, туку и пошироко. Образовниот процес ќе отпочне скромно,за во текот на овие 160 години Гимназијата да прерасне во реномирана образовна институција. Решена да го зачува реномето на една од најстарите образовни институции на овие простори Гимназијата ќе се стреми да ја продолжи традицијата на следење на потребите на современото образование.

Водителите го поканија, господин Славчо Давитковски в.д.директор на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ да им се обрати на присутните..По неговото обраќање, Директорот го повика, почитуваниот градоначалник на Општина Велес г-дин Аце Коцевски да им се обрати на присутните гости.

Рацин е неисцпна творечка сила и неодминлива инспирација на многу генерации македонски писатели,музичари, драматурзи и други културни работници.Пиететот кон основоположникот на современата македонска поезија е подеднакво голем иако од неговата прерана загуба се поминати седумдесет и четири години.

Неговиот стих полн со надеж за бели мугри кои силно ќе изгреат над неговиот напатен народ и денес не исполнуваат со восхит и почит.Тие се инспирација за поетскиот колаж од Рацинови стихови во избор на актерката Слободанка Чичевска.Настапуваат учениците: Марија Шестакова, Марија Мирова, Габриела Лескова, Верица Цветкова, Милош Милошевиќ и Ѓорѓи Тумбов, под менторство на професорката Магдалена Сарагинова.

На овој свечен повод упативме и јавна благодарност до организациите и институциите кои, преку соработката со нашата Гимназија, придонесуваат за нејзината афирмација и напредок. Водителите го повикаа в.д.директорот на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“, господинот Славчо Давитковски да им ги додели благодарниците на добитниците со надеж дека ,со нивната поддршка, Гимназијата и во иднина ќе бележи успеси.

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО“ ОД ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР

Завршната вечер традиционално беше одбележана со изведба на театарска претстава. Гостите имаа можност да ја проследат изведбата на театарската претстава „Многу врева за ништо “од Вилијам Шекспир. Адаптацијата на драмскиот текст и режијата се на Слободанка Чичевска, актер во велешкиот театар Џинот. Младите ,талентирани гимназијалци,работеа под менторство на професорите по македонски јазик: Александра Стојановска, Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева. Изборот на музика го направи професорот Атанас Зафиров, а реквизитите се изработени од учениците: Пале Зврцинова, Ева Димитриева, Александра Митева, Снежана Карастојанова, Моника Давиткова.

Во претставата настапија учениците: Стефан Николовски, Ане Павлов, Петар Андреев, Кире Ацевски, Дино Јанаќиев,Петар Атанасов, Петар Миновски, Михаил Павлов, Сами Ша, Иво Мирчев, Лазар Петкоски, Талија Ѓорѓиева, Алексндра Мечкаровска, Марија Панзова, Магдалена Арсова, Кристијан Спирковски, Виктор Kовачев.

{besps}stories/ucebna2017_2018/svec_akad/sliki3{/besps}

 

Инспициент беше Марија Давчева. За изработка на видео материјалот се погрижи професорот по ликовна уметност, Крсте Шупев. Постерот и флаерот за претставата ги изработи Дино Јанаќиев, а фотографиите од премиерата Виктор Миладинов.

Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја проследија со внимание и заинтересираност.Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирање на претставата.Аплаузот беше и повеќе од заслужен затоа што младите актери пред себе имаа особен предизвик да бидат доследни на големиот Шекспир, доследни на големината на великанот на светската драматургија.

Свечено доделување на благодарници на учесниците во активностите за одбележување на јубилејот и нивните ментори

Активностите за одбележување на Јубилејот 160 години гимназиско образование и Денот на училиштето уште еднаш ни потврдија дека меѓу учениците во Гимназијата има големи таленти. Сите ученици и ментори кои беа вклучени во активностите в.д. директорот на училиштето г-дин Славчо Давитковски ги покани на 24.11.2017г. да ги примат благодарниците за вложениот труд и успешната реализација на истите.Тој им се заблагодари за нивниот ангажман и изрази надеж дека и во иднина ќе бидат успешни и ќе придонесуваат за реномето на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.

Одговорни професори:

Актив по македонски јазик и литература

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den