A4M2 (ACCESS FOR ME TOO)

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

A4M2 (ACCESS FOR ME TOO)

На 13 март 2019 година, ние, тимот на Access Велес, решивме да организираме настан и да ги поканиме нашите сограѓани, деветтоодделенците од сите училишта од нашиот град. Настанот го насловивме А4М2 (Access For Me Too) и преку игра, симулација на час, преку презентирање на нашите веќе готови проекти, го објаснивме значењето и целта на постоењето на Access-програмата во Велес, но и во светот.

{besps}stories/ucebna2018_2019/Acceess_/sliki{/besps}

 

Ние, како втора генерација од оваа Американска образовна програма, го заокружуваме нашето учење токму оваа година, во месец јуни, но преку овој настан им овозможивме на идните средношколци да дознаат повеќе детали за Програмата, за училиштето каде се спроведува, па доколку се отвори трета генерација во септември 2019 година, токму тие да се пријават и да бидат новата група од 25 Access ученици кои ќе продолжат онаму каде што ние застануваме и на крај – да се стекнат со сертификати кои ќе им овозможат нови можности за студирање и вработување не само во САД, туку и насекаде во светот.

Со повеќе од 100 ученици од основните училишта во Велес и нивните наставници, се дружевме, споделувавме, разговаравме, одговаравме на прашања и меѓусебно се запознававме и за време на тие четири часа, сфативме дека да се биде дел од Access, не значи дека само го подобруваме знаењето од областа на англискиот јазик, туку и дека стануваме подобри оратори, се ослободуваме од многу стеги во врска со постоењето на трема при зборување пред публика, послободни сме во нашиот пристап, а сето тоа „се гледа на лице-место“, како што ни кажаа дел од учесниците на овој настан.

Им благодариме на нашите професори: Владо Смилев и Елеонора Панова за можноста да бидеме во нивната улога на презентери и модератори на овој настан, а според рефлексиите на присутните учесници, заклучивме дека добро нè прифатија и ги исполнивме квалитетно нашите задачи.

Со надеж за отворање на трета генерација на Access Велес, ве покануваме да ги следите нашите активности на youtube (Access Veles).

Подготвиле: Тимот на Access ученици

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den