Гимназијалците дел од завршната манифестација „BE ACTIVE“ по повод Европската недела на спортот
Професионалното или рекреативното занимавање со спортот и одржувањето на физичката активност се од особено значење за развивањето на секоја единка во здрава личност, како физички така и ментално.
Спортот помага при создавањето на карактерот и навиките, не учи да играме според правилата, вистински да се радуваме на победите, а достоинствено да ги прифаќаме поразите. Со еден збор спортот не учи за животот и се она што го сочинува.
{besps}stories/ucebna2018_2019/beactive/sliki{/besps}
Иако придобивките од спортот ни се општо познати, сепак многу е важно заедно да придонесуваме за подигање на свеста во нашето општество и организирањето на настани каде што секој од нас ќе може да спортува и да се забавува.
Европската недела на спортот заврши со еден многу интересен настан кој понуди дружење, забава и активност, пренесуваќи ја #BeActive пораката. Па така, на 29. Септември (Сабота), во организација на Општина Велес околу 50тина ученици од основните и средните училишта во градот беа дел од овој настан. Гимназијалците Надица Камчева, Тамара Мишеска, Михаил Павлов, Игор Грујовски, Кристијан Спиркоски и Андреј Ковиловски заедно со наставникот Зоран Јованов земаа учество во Спортскиот центар Борис Трајковски, со почеток од 17:00 па се до 23 :00 часот каде истовремено се случуваа 70 различни активности.
На настанот присуствуваа најразлични спортски федерации, како и граѓани од целата држава и сите возрасти кои имаа можност да вежбаат и истовремено да се забавуваат. Љубителите на спортот и физичката активност несомнено беа задоволни од овие незаборавни настани.
Од името на сите учесници упатуваме силна порака: ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ!!!
Одговорeн професор: Зоран Јованов