ЕДУКАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И САМОЗАШТИТА ПРИ КАТАСТРОФИ
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, во соработка со Црвен крст на Република Македонија и ОО Црвен крст – Велес, на 21 март 2019 година, реализираа обука за вработените во училиштето на тема: „Заштита и самозаштита во случај на катастрофи и користење на планови за евакуација“. Во училиштето се одржа едукација за заштита и самозаштита при појава на поплава, пожар, земјотрес и останати катастрофи. Присутните се запознаа со сите процедури и постапки кои треба да се применуваат во вакви случаи.
{besps}stories/ucebna2018_2019/katastrofi/sliki{/besps}
Во рамките на овие активности, во нашето училиште следи симулациска вежба за евакуација на учениците и вработените во училиштето. Оваа вежба ќе биде резултат од денешната обука и ќе претставува можност за практично имплементирање на стекнатото знаење на вработените и учениците.
Денешното предавање и презентација ги одржа Али Самет, стручен соработник за подготвеност и дејствување при катастрофи од Црвен крст на Република Македонија.
Координатори на активностите: Петре Петрушевски, Илија Попов