ЕКОЛОШКА АКЦИЈА – СПОЈ НА ИСКУСТВО И МЛАДОСТ
Минатата година во нашиот град беше регистрирано Здружението на граѓани „Акцијаш – ветерани“, во чии рамки активно делува Првата доброволна работна бригада „Кочо Рацин“, основана од поранешните бригадири и учесници на младински работни акции.
{besps}stories/ucebna2018_2019/ЕКОЛОШКААКЦИЈА_/sliki{/besps}
Овие ветерани, по повод 1 Април – Денот на доброволното младинско ангажирање, беа иницијатори за ораганизирање еколошка акција за чистење на отпад. Со поддршка на Општина Велес и ЈКП „Дервен“, акцијата се изведе на просторот покрај Железен мост, од десната страна на реката Вардар.
На повикот од своите повозрасни колеги-акцијаши, се одѕваа и младите екологисти од нашата Гимназија. Она што симболично ги поврза членовите на работната бригада и учениците на Гимназијата е името на Кочо Рацин. Во акцијата учествуваа шеесетина волонтери – спој на искуство и младост, кои дадоа личен пример на своите сограѓани за одговорен однос кон животната средина.
На крајот на акцијата гимназијалците беа поздравени од ветераните со познатиот и препознатлив акцијашки поздрав, а директорот на Гимназијата вети дека ќе продолжи соработката со ова граѓанско здружение бидејќи Еколошкиот одбор на Гимназијата отсекогаш ги поздравувал ваквите граѓански иницијативи кои придонесуваат за чиста животна средина.
Одговорни членовите на Еколошкиот одбор: Силвана Печкова, Јовица Темов