ПРОЕКТ INNOVATE YOUR DREAMS 2019 – СВЕТОТ ВО 2030 ГОДИНА
Веќе четврта недела во нашето училиште се реализира Меѓународниот проект Innovate your dreams 2019 – Светот во 2030 година, со вклученост на ученици од прва, втора и трета година, под менторство на професорите: Драгана Тевчева, Ангелина Додов и Елизабета Николовска, а за кој координатор во Македонија е Никола Делевски, професор по физика во СОУ „Никола Карев“ од Струмица.
{besps}stories/ucebna2018_2019/inovate_dreams/sliki{/besps}
Проектот има за цел да им помогне на учениците да ги разберат и да се подготват за работните места во иднината. Проектот е базиран на популарно истражување, на кое се заклучи дека 65% од децата кои денес посетуваат основно училиште, по завршувањето на своето образование ќе работат на потполно нови типови работни места кои сè уште не постојат.
За време на проектот учениците ќе учат за индустриите кои ќе бидат создадени во иднина и улогата на технологијата во трансформирањето на светот.
Проектот ќе опфати три од седумнаесетте цели на ОН за одржлив развој (SDG) опишани во Агендата за одржлив развој од 2030 година (квалитетно образование, достапна и чиста енергија, индустрија, иновации и инфраструктура) со што воедно се промовира STE(A)M визија и STEM – базирани искуства.
Во последната, четврта активност, учениците се запознаа со сите 17 цели на ОН за Одржлив развој (SGDs) опишани во Агендата за Одржлив развој од 2030 година. Работејќи го овој проект, наставниците се сметаат себеси за соработници во процесот на учење.