Меѓународен фестивал, Требиње

naslovna2
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Гимназијалците ќе настапат на Меѓународниот фестивал на аматерски театри во Требиње, Босна и Херцеговина

Трудољубивоста, ангажираноста, посветеноста и желбата да се даде најдоброто од себе, секогаш ги даваат своите резултати. Повеќе од десет години одговорните професори од нашата Гимназија: Весна Павлова, Соња Карбева и Цветанка Карамаркова, со несебична стручна помош и во соработка со актерката Слободанка Чичевска, работат со гимназијалците – вљубеници во актерската игра. Ни претставува особено задоволство и не исполнува со радост фактот што селекторите на годинешниот Меѓународен фестивал на аматерски театри го препознаа квалитетот и талентот на нашите ученици.

1

Младите актери при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, вљубеници во театарската уметност, ќе ја претставуваат Република Македонија на овој реномиран Меѓународен фестивал на аматерски театри кој се одржува во Требиње во Босна и Херцеговина во периодот од 23 до 30 јули.

Тие ќе ја изведат театарската претстава „Дома“ од руската авторка Људмила Разумовскаја, која ја подготвија и изведоа по повод Денот на училиштето, а со која беа селектирани на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.

2

На 24 јули во Требиње, нашите млади актери ќе ги покажат своите актерски способности на иста сцена на која што ќе настапат и претставници на театри од повеќе земји од Балканот, кои зад себе имаат долгогодишно искуство на театарската сцена.

Им посакуваме достојно да ја претстават културата на нашата земја, успешно да настапат на фестивалот и да понесат со себе многу убави спомени.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den