Меѓународна награда

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Меѓународна награда за младата поетеса Ирена Христова

Својата љубов и посветеност кон поезијата нашата ученичка Ирена Христова ја преточува во прекрасни стихови. Кога нејзините песни доаѓаат во рацете на жири комисиите секогаш,без исклучок, Ирена се закитува со награда. Така беше и на последниот Меѓународен конкурс кој го распиша Здружението на писатели„ Глас корена“ од Ниш, Република Србија.

 irena hristova

На конкурсот учествуваа поети од повеќе земји од Европа : Италија, Германија,Шведска Холандија,Црна Гора,Бугарија,Босна и Херцеговина,Србија и Македонија.Од пристигнатите 1125 творби жирито награди 118.Меѓу наградените своето место го најдоа и три творби на талентираната Ирена Христова.Творбите ќе бидат објавени во пригоден Зборник кој ќе биде промовиран на 31 мај 2015 година во Ниш, Република Србија.

Ирена е автор на стихозбирката „ Љубов за сите“ објавена во 2011 година.Нејзината поезија е наградувана на интернационално ниво на конкурси во: Италија,Србија,Хрватска, Босна и Херцеговина.

Песните на нашата млада поетеса се објавени во повеќе македонски и меѓународни зборници на поезија: Велешки поетски пулсирања,Творечки бранувања 2014година,„Мојот јазик тоа сум јас“ на Фондацијата Никола Кљусев поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, „Голи живот у уметности“ издание на Здружението на балкански уметници од Суботица, Република Србија, „ Моја песма теби за Валентиново“ издание на Култура снова од Загреб Република Хрватска,Авлија –списание за култура и книжевност од Босна и Херцеговина.

Ирена Христова оваа година го завршува своето образование во нашата Гимназија.Се надеваме дека образованието во нашето училиште беше значаен сегмент од нејзиното градење како личност и иден стручњак во својата област. И посакуваме уште многу награди и успеси на професионален и на приватен план.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den