МИРОВНИЦИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА „ДЕНОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА“
Во рамките на програмата за Мировно образование, поддржана од ПДАС „Меѓаши“, нашата Гимназија и СОУ „Ванчо Прке“ од Виница, на 21 март 2019 година, по повод Денот на екологијата, ја реализираа првата заедничка активност под мотото: „Со будењето на природата да ја пробудиме еко свеста“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/МИРОВНИЦИТЕ/sliki{/besps}
Учениците од прва година, заедно со наставниците: Филимена Костова и Цветанка Карамаркова и добрите домаќини СОУ „Ванчо Прке“, го започаа своето дружење кое имаше и своја цел, одбележување на Денот на екологијата.
Преку низа активности: засадување на дрвца , културно-забавна програма (музички точки, еко-перформанс) и спортски активности, беше пренесена пораката дека треба му ставиме крај на насилството врз природа која безмилосно ја уништуваме, мислејќи само на своите потреби и задоволства без помислата што ќе биде утре. Целокупната активност беше насочена кон подигање на еко свеста кај луѓето која беше и главната цел на овие активности.
Сите бевме задоволни од она што го направивме, а тоа го говореа топлите и искрени насмевки кај секој од нас. Се разделивме со желба што поскоро да се сретнеме во некоја нова мировна мисија.
Одговорни професори: Филимена Костова, Цветанка Карамаркова