На 1 февруари, 1945 година, во велешката Гимназија започнала наставата на мајчин
македонски јазик. Во просториите на Гимназијата се собрале голем број родители и
ученици и со скромна приредба го одбележале отпочнувањето на наставата, за првпат на македонски јазик. На тој начин биле остварени стремежите на
многу генерации Македонци да учат и да творат на својот мајчин јазик. Од истата година
Гимназијата го носи името на големиот револуционер и поет „Кочо Рацин”.