ПРЕТСТАВАТА „ДОМА“ НАЈДОБРА МАКЕДОНСКА ПРЕТСТАВА
Гимназијалците во јули со настап на Меѓународниот фестивал на аматерски театри во Требиње, Босна и Херцеговина
Младите актери при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, вљубеници во театарската уметност, ќе ја претставуваат Р.Македонија на реномираниот Меѓународен фестивал на аматерски театри кој се одржува во Требиње, Босна и Херцеговина.
Тие ќе ја изведат театарската претстава „Дома“ од руската авторка Људмила Разумовскаја, која ја подготвија и изведоа по повод Денот на училиштето, а со која беа селектирани на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.