ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

И оваа учебна година уште еден октомвриски ден го посветивме на благородната водителка во нашето живеење – книгата.

{besps}stories/ucebna2016_2017/Mesec_na_knigata/sliki{/besps}

 

Октомври е месец кога низ целиот свет пеку различни форми и манифестации се укажува на важноста на книгата и читањето, како важен фактор во личното самообразување на секој човек.

Годинешново одбележување го отпочнавме со квиз асоцијации на тема „Книгата извор на мудрости“ на кој активно се вклучија присутните ученици на овој поетски настан.

Тесно поврзан со литературата секако е говорот. Убавото и правилно говорење треба да биде одлика на секој образуван човек. За значењето на говорењето своите ставови ги искажале познати мислители и говорници. Нивните мисли ги пренесоа учениците: Петар Андреев, Пале Ѓорѓиева и Дино Јанакиев.

Познати мисли за книгата на англиски и француски јазик прочитаа и учениците: Марија Иванова, Стефани Атанасова, Виктот Арсов и Јованче Џоневски.

Како една од активностите за одбележување на месецот на книгата беше распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Книгата извор на мудрости“. Нашата цел беше да им дадеме можност на младите поети да го искажат својот поетски талент. Жири комисисјата во состав: Соња Карбева, Александра Стојановска, Весна Павлова и Трајче Михајлов одлучи да бидат пофалени сите литературни и ликовни творби.

На сите учесници на конкурсот им благодариме за учеството и им порачуваме и понатаму да бидат креативни и оригинални во создавањето на своите творби.

Денот посветен на книгата, беше збогатен и со музички точки во изведба на Мартина Арсовска која на гитара ја придружуваа Иван Милевски и Кире Ацевски.

Идејата за одржување на оваа активност беше координирана од наставниците: Александра Стојановска, Весна Павлова и Соња Карбева.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den