Одбележување на значајни историски настани

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

114 години од акциите на Гемиџиите во Солун

Овој април се навршија 114 години од акциите на револуционерната група Гемиџии во Солун. 114 години од деновите кога велешката интелигенција го разбранува светот „Арчејќи се себе си за Македонија.

Во април 1903 година, во Солун , оваа група македонски анархосоцијалисти, меѓу кои и синови на богати трговци, минирале објекти во кои е инвестиран странски капитал. Во воздух биле кренати: бродот „Гвадилкивир“, Отоманската банка, Електричната централа, а бил направен обид во воздух да се крене и централната пошта во Солун и да се минира железничката пруга Солун – Деде Агач. Во овие акции голем дел од нив загинале, доследни и верни на својот завет дека: „ Ќе се арчат за Македонија“. Оние кои останале живи биле изведени пред суд и казнети со тешки казни.

{besps}stories/ucebna2016_2017/istoriski_nastani/sliki{/besps}

 

Со своето саможртвување, Гемиџиите, поголемиот дел од нив велешани, имале за цел да го свртат вниманието на Европа кон неподносливите услови во кои живеел македонскиот народ под османлиското владеење.

За значењето на Гемиџиите во македонската историја говоеше Слободан Ников, раководител на Државниот архив на Македонија – Одделение Велес. Делегации,меѓу кои и делегација од нашето училиште, предводена од директорот Славчо Давитковски, положија букет цвеќе на споменикот, подигнат во нивна чест, на кејот на Вардар. Гробот на најмладиот Гемиџија, Милан Арсов, во селото Ораовец го посети делегација од нашето училиште и му оддаде почит на младиот револуционер. Водител на одбележувањето на годишнината беше нашата ученичка Кристина Ончева.

Одговорни професори:

Соња Карбева, Елеонора Игновска,Валентина Арсова Ристовска

115 години од смртта на Петар Михов

На 25 април 2017 година, во црквата Свети Спас во Велес, беше одбележан историски датум значаен, како за историјата на Велес, така и за македонската историја. Имено, на овој ден, се навршија 115 години од смртта на Петар Михов,учителот и револуционерот, кого македонската историја го памти како непоколеблив борец за македонската национална кауза.Михов е учесник во македонското национално движење уште од првите денови на создавањето на ТМРО. Тој бил познат и почитуван народен учител кој бил убиен од турските власти затоа што се борел за национална слобода и правда.Македонскиот јазик,нација и традиција му биле една од основните наставни единици.

За неговиот животен пат има многу малку податоци и научната јавност треба да се ангажира околу расветлувањето на неговата биографија.Со сигурност сезнае дека умрел на 25 мај 1902 година во затворот во Куршумли Ан во Скопје под неразјаснети околности,најверојатно ликвидиран.

Велешани и историјата го памтат и како директор на една од најстарите гимназии на Балканот, велешката гимназија, која денес го носи името на поетот и револуционер Кочо Рацин. Затоа,токму учениците од нашата гимназија: Кристина Ончева,Цветанка Мирова и Кристијан Карадаковски, беа почестени да учествуваат на чествувањето на годишнината од смртта на својот некогашен директор.Тие ги рецитираа песните: „Таму,во Скопје“ и „Еј,го фатија Петрета Михов“’ кои народниот пеач ги испеал во чест на својот учител и патриот. Директорот Славчо Давитковски, со делегација од Гимназијата, положи цвеќе на гробот на својот некогашен директор.

Оваа генерација велешани ,како и денешните вработени и ученици во велешката гимназија, се особено горди на својот сограѓанин и затоа му ја оддадоа достојната и заслужена почит.

Одговорни професори:

Соња Карбева и Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den