Отворен ден на Гимназијата „Кочо Рацин“
Отворениот ден на училиштето беше можност учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ да ја покажат својата креативност и способност во различни области пред потенцијалните гимназијалци.
Средбата беше осмислена како образовен и интелекуален мост кој треба да ги поврзе нашите сегашни ученици со нашите идни Гимназијалци, но и на годинешнава генерација матуранти да и овозможи директна комуникација со претставниците од голем број факултети во нашата земја. Така сликата станува детална и целосна. Перспективата на таа слика е убавата иднина кон која секој Гимназијалец сака да се упати.на деветтоодделенците им ја упативме пораката дека Гимназијата е значајна станица на нивното патување кон иднината.Им порачавме дека ,учејќи во Гимназијата, ќе имаат можност да стекнат солидни знаења и да се подготват за својата идна професија која ќе ја совладаат студирајќи на некој од факултетите кои беа наши гости на Отворениот ден.
{besps}stories/ucebna2016_2017/otvoren_den/sliki{/besps}
На 4 мај бевме срдечни домаќини на големиот број посетители што дојдоа во нашиот училишен двор. Учениците од прва до четврта година го покажаа својот талент во областа на: музиката, спортот, ликовно-творечката уметност, литературата, странските јазици, природните и општествените науки. Сакајќи да им овозможиме пријатно расположени на гостите овој настан музички го збогативме со настапот на нашиот вокално- инструментален состав во кој настапуваат учениците : Кристијан Јорданов, Иван Милевски, Сандра Темелковска, Мартина Арсовска и Кире Ацевски.
Сакајќи да ги охрабриме нашите идни ученици да создаваат и да им покажеме дека во нашата Гимназија се негува духот на индивидуалното поетско творештво, поканивме дел од деветтоодделенците да се претстават со својата поезија. Настапија ученичките:
Наталија Купенкова и Паула Кадиева од ООУ „Блаже Конески“
Нела Андева од ООУ „Васил Главинов“
Симона Калешова од ООУ „Благој Кирков“
Алиса Кајтази од ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари
Целокупниот настан беше емитуван во живо на програмата на локалното 5 FM радио. Директено обраќање на програмата на локалното радио 5 FM имаше и директорот на Гимназијата, г-дин Славчо Давитковски, кој ја истакна важноста на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ како реномирана образовна институција која е вистински и правилен избор за образование.