Побогати со нови искуства и пријателства

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Побогати со нови искуства и пријателства

Планираните активности, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во нашето училиште отпочнаа со реализација на 21 март 2017 година. По добиениот грант, од страна на Министерството за образование и наука, се пристапи кон реализација на предвидените активности. Во соработка и партнерство со СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се оствари средба со учениците и наставниците од двете училишта, се реализираше работилница и се одржа пријателски натпревар во футсал и пинг-понг помеѓу мешани етнички групи од двете училишта.

{besps}stories/ucebna2016_2017/novi_iskustva/sliki{/besps}

 

Во наредниот период учениците и наставниците од партнер- училиштата ќе остваруваат on-line комуникација со цел, заедничка размена на информации, со што ќе се подготват за завршниот настан. Учениците, под менторство на наставниците, ќе изработат брошура со фотографии и текстови на јазикот на сите застапени заедници, со кои се објаснува како секој од нив придонесува Република Македонија да се доживува како мултикултурно/мултиетничко општество и ќе допринесат за популаризација на спортот и заедничкото дружење меѓу учениците.

Тим за МИО

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den