Посета на биохемиска лабораторија

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Идните доктори во посета на биохемиската лабораторија при ЈЗУ Општа Болница – Велес

Во рамките на редовното реализирање на наставата, учениците од четврта година од нашето училиште, од Природно – математичкото подрачје, група Б, ја посетија биохемиската лабораторија при ЈЗУ Општа Болница – Велес. За време на обиколката на сите работни простории на лабораторијата, вработените со целосна посветеност им објаснија на учениците на кој начин се изработува крвна слика, биохемиски анализи на крв, кои болести се преносливи преку крв и како се прави анализа на урина . Исто така учениците беа практично запознати и со начинот на работата на центрифугалните апарати кои се користат во секоја лабораторија за препарација или анализа на разни флуидни супстанци.

{besps}stories/ucebna2017_2018/biohemiska_lab/sliki{/besps}

 

Голема благодарност за приемот и посветеното време и внимание на вработените во Биохемиската лабораторија во нашата Болница. Нашата соработка продолжува во иднина и со останатите оддели при болницата, со една единствена цел – модернизирање и унапредување на наставата по природните науки.

Одговорни професори: Драгана Тевчева и Елизабета Николовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den