ПОСЕТА НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО
Во согласност со Проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“, беше реализирана посета на Кокино – мегалитска опсерваторија и реализиран Ератостеновиот експеримент.
На 28 мај 2019 година, 43 ученици од мешан етнички состав од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, заедно со предметните професори одговорни за проектот, реализиравме еднодневна активност. Првин го посетивме Пелинце – Музејот на АСНОМ. Подоцна се упативме кон Кокино, каде учениците со внимание го проследија археологот од Кумановскиот музеј, објаснувајќи им за значењето на обредите кои се вршеле во бронзеното доба и следењето на Сонцето при изгревот и залезот, како и одредувањето на годишниот календар (почеток на летото, пролетна и есенска рамноденица).
{besps}stories/ucebna2018_2019/kokino/sliki{/besps}
На пладне го изведовме Ератостеновиот експеримент. Математичарот, астроном и географ – Ератостен, бил голем филозоф и логичар и успеал со голема точност да го пресмета обемот на Земјата.
Нашиот експеримент го изведовме на Кокино, на соларно пладне. Ја меревме сенката на вертикален стап долг 100 см. Врз основа на должината на сенката и географските координати, го пресметавме растојанието од нашето училиште до местото на мерење.
Групата го посети и градот Куманово. Во вечерните часови задоволни од реализираната активност, се вративме во Велес.
Одговорни професори:
С. Спасевска, А. Додов, Г. Саздова и С. Арсеновска