ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ
Како дел од одбележувањето на месецот за борба против болести на зависност, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, на 29 ноември, одржаа едукативна работилница со учениците во Гимназијата.
Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со негативните влијанија кои ги има употребата на цигари, алкохол и дрога. Преку проактивен пристап, да се укаже на лошите страни кај овие појави и да се влије кај младите да не дојдат во искушение да бидат подложни на болести на зависност.
Во Гимназијата со предавањето беа опфатени учениците од прва и втора година, заедно со предметниот професор по биологија Елизабета Николовска.