Примена на мултимедијална презентација на часот по предметот македонски јазик и литература

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Примена на мултимедијална презентација на часот по предметот македонски јазик и литература

Во Годишната програма за работа на Стручниот актив по македонски јазик и литература, покрај другите активности, планиравме да се изведат и нагледни часови во наставата по овој предмет..

{besps}stories/ucebna2016_2017/Primena_na_multimedijalna_prezentacija/sliki{/besps}

 

Нагледниот час го одржа професор Весна Павлова со учениците од II-3 клас на 4.10.2016 година (вторник, седми час).

Наставната тема гласеше: Хуманизам и ренесанса, а наставната единица: Данте Алигиери „Божествена комедија“ – „Пеколот“ – содржинска анализа.

Часот започна со повторување на содржините за животот и литературната дејност на најзначајниот претставник на литературата на хуманизмот и ренесансата, Данте Алигиери, а потоа професорот ја најави наставната единица.

Во главниот дел од часот учениците Елена Стумбова и Валерија Иванова од II-3 клас ги презентираа своите задолженија во Open Office Impress за аналитичкиот коментар на делото „Божествена комедија“ во кои направија одличен спој на насловот со темата, идејата и композицијата на поемата. Часот продолжи со работа на учениците во парови. На секој пар ученици им беше доделен извадок од првиот дел на „Божествената комедија“ – „Пеколот“, а учениците имаа задача да одредат во кој круг од „Пеколот“ кои души се сместени. Следуваше анимиран филм преку кои беа претставени слики од Воведната песна на „Пеколот“ и деветте кругови.

Во завршниот дел, професорот ги објасни целите на часот кои во целост беа реализирани со ваквата поделба на задолженијата и начинот на кој беа презентирани. Истата содржина ученичките Елена Стумбова и Валерија Иванова ја презентираа и пред учениците од II – 1 и II – 2 клас. Прекрасна е сликата кога ќе се видат на крајот од часот задоволните лица на учениците, и од тоа што го научија, и од тоа што самите го изработија.

 

Одговорен професор Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: